Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
///////
Александар Китанов - Сандо

Роден е во с. Лешко, Горноџумајско во 1881 година. По завршувањето на класното училиште во Горна Џумаја, го завршил педагошко училиште во Скопје. Извесно време работел како учител во родното село, а од 1900 година во класното училиште во Горна Џумајa.

Во ВМОРО влегол уште како ученик. Во Горна Џумаја станува член на градскиот комитет. Учествувал во аферата „Мис Стон“ во 1901 година. Стамнал илегален во четата на Х.Чернопеев. Подоцна бил четник во четите на Г.Делчев и К.Асенов. Се одликувал со голема храброст и интелегенција. Учествувал во многу борби против Турците.

По востанието, бил околиски војвода во Кукушко и Малешевско. Го придружувал Д.Груев во неговата обиколка низ Македонија.

Загинал заедно со Д.Груев и уште двајца четници, во нерамна борба со турскиот аскер, на 23 декември 1906 година, на врвот Петлец, кај селото Русиново, Беровско.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik